sal-iil.png
За адвокати и правници од Северна Македонија
 
ИИТ, Правниот факултет Чикаго-Кент
Објавува

LL.M Магистерски студии во Атина, Грција и потоа во Чикаго, Илиноис, САД
со загарантирани стипендии од 75% и 100%
 

ИИТ, Правниот факултет Чикаго-Кент кој што се наоѓа во САД, заедно со Училиштето за Американско право објавува две меѓусебно поврзани студиски програми со загарантирана стипендија од 75% и 100% за адвокатите и правниците од Северна Македонија:

  1. Училиште за Американско право во Атина, Грција и потоа
    2. LL.M Магистерски студии во Чикаго, Илиноис, САД

Училиштето за Американско право (SAL) вкулучува два семестри во Атина, Грција: Септември – Декември (прв семестар) и Јануари – Мај (втор семестар). Двата семестри  вкучуваат 10 задолжителни предмети кои ќе се спроведат на англиски јазик и часовите ќе бидат одржувани исклучиво од професори посетители на Чикаго-Кент Универзитетот кој што ќе доаѓаат од САД и Велика Британија. Десетте задолжителни предмети ги покриваат најсовремените теми: Меѓународни бизнис (деловни) трансакции, Е-трговија (електронска трговија), Онлајн склучување договори, Антимонополско право, Управување со средства од интелектуална сопственост, Право на Интелектуална сопственост, Глобално право на интелектуална сопственост, Право на трговски марки, Компаративно право, Вовед во Американскиот правен систем и Правно пишување.
 
Начинот на спроведување на студиската програма е еден предмет месечно (пет предмети по семестар) кои се одржуваат само во викендите, преку целодневно предавање, со почеток во 10 часот наутро до 17 часот. Во целост, секој семестар ќе биде реализиран во 5 викенди во кои ќе се одржат часови во живо, покрај тоа од студентите ќе се очекува претходна подготовка за часовите, читање после часовите како и подготовка и предавање на испит. Но, студиската програма на SAL и неговата структура комбинира 5 предмети со интензивни часови во живо на кои мора да присуствувате во Атина и 5 предмети со онлајн часови. Студентите кои можат да одвојат слободен викенд од работата и семеjството и сакаат да поминат повеќе време во традиционална училница со професорите од Чикаго-Кент Универзитетот во колегијална атмосфера, се поканети во Атина еднаш во месецот да присуствуваат на сите 10 задолжителни предмети. Студентите кои живеат надвор од Грција и не можат физички да бидат присутни на часовите им нудиме 5 онлајн предмети и да присуствуваат само на останатите 5 предмети во училница во Атина. Со оваа опција, студентите можат да одлучат која структура е подобра за нив додека студираат на Студиската програма на SAL. Студиската програма на SAL ќе ги информира студентите кои од курсевите може да бидат одбрани за да се следат онлајн.
 
По завршувањето на Студиската програма на SAL, дипломираните продолжуваат со својата едукација на LL.M Магистерските студии во Правниот факултет Чикаго-Кент во Чикаго, Илиноис, САД. Магистерските студии на Правниот факултет Чикаго-Кент ќе завршат со стекнување на LL.M Магистерски студии на „Американско, Интернационално и Транснационално право“ во еден семестар (пет месеци) наместо регуларна една академска година. Ова се правни студии за постдипломска академска диплома со времетраење од пет месеци за дипломираните на Студиската програма на SAL. За дипломираните кои имаат SAL - Сертификат за завршување на Училиште за Американско право, LL.M магистерската диплома во Чикаго ќе ја стекнат со завршување на еден семестар целосно посветено учење, во меѓувреме тие можат да изберат да продолжат со уште еден семестар на Правниот факултет Чикаго-Кент за да го продолжат нивното едукативно (Ph.D.) Докторски студии и професионално достигнување (Правосуден испит).
 
По завршувањето на Студиската програма на SAL, дипломираните студенти ќе добијат:
  1. По дипломирањето на Студиската програма на SAL во Атина, Грција - Сертификат за завршување на Училиште за Американско право. Сертификатот ќе биде издаден од SAL и Чикаго-Кент заеднички и потпишан од деканот на Правниот факултет Чикаго-Кент и раководител на Училиште за Американско право.
  2. По дипломирањето на ИИТ, Правниот факултет Чикаго-Кент издава LL.M Диплома од ИИТ, Правен факултет Чикаго-Кент.
 
Од 2015 година студиската програма на SAL во Атина едуцираше повеќе од 150 студенти од Балканот, Медитеранот и Европа и им овозможи да се здобијат со извонредно искуство во странство и да стекнат глобални компетенции кои ќе ја дефинираат нивната идна улога во глобалниот пазар. Со задоволство истакнуваме дека 19 од 150 студенти/дипломирани студенти се адвокати од Северна Македонија
 
Предности на нашата програма:

  • Стекнување придобивки благодарение на комбинирана структура на студиската програма на SAL која започнува во Атина, Грција без потреба од напуштање на моменталната работа со присуство на интерактивни и/или онлајн часови. Kомбинирана структура која дозволува да ja завршите студиската програма на SAL во Атина со комбинирани интензивни пет предмети и пет други предмети преку диталните медиуми од традиционална училница
  • Ослободување од обврска за полагање на TOEFL за дипломираните студенти од студиската програма на SAL, со доставување на LL.M апликациите без TOEFL или IELTS резултати
  • Приоритетен и директен прием во Чикаго-Кент по завршувањето на студиската програма на SAL
  • Стекнување магистерска диплома LL.M на “Американско, Интернационално и Транснационално Право за еден семестар наместо за цела академска година
  • Загарантирана стипендија од 75% или 100%
  • По завршувањето на еден семестар на Чикаго-Кент, студентите можат да го продолжат своето образование со изборниот втор семестар и да се здобијат со диплома за магистерски студии во некои од најбараните насоки како што се: M in Trial Advocacy, LL.M in International Intellectual Property Law и LL.M in Financial Service Law со гарантирани 75% стипендии
  • По завршување на магистерските студии во Чикаго-Кент, дипломираните можат да продолжат со докторски студии (Ph.D./SJD) со 75% обезбедена стипендија
  • Достапен план за плаќање на школарината на две или повеќе рати додека студиите се во тек нa студиската програма на SAL и на Правниот факултет Чикаго-Кент
  • Одложување на приемот за магистерските студии на Чикаго-Кент во текот на следните три академски години
  • Можности за вработување во кампусот и надвор од кампусот во САД
  • Пристап како практиканти во САД
  • Најдобра локација во светот - центарот на кампусот на Чикаго-Кент се наоѓа во срцето на Чикаго - еден од најважните правни и финансиски пазари во земјата;
  • Развивање на силна професионална мрежа, поттикнување врски со разновидна заедница на професионалци низ САД со непроценливи ресурси за лоцирање на потенцијални работодавци и клиенти.
 
Влијанието на програмата врз кариерата на апликантот
  • Во изминатите години, по дипломирањето од Чикаго-Кент LL.M, дипломираните студенти продолжија да градат кариера во државите со полагање на Американски правосуден испит и аплицирање за OПT (дозвола за работа за една година во Америка)
  • Други се вратија во правната пракса во нивните земји, со подобро разбирање на Американското право и способноста да работат подобро со меѓународни, европски и американски адвокати, правни фирми и владини агенции. Повеќето од нив веднаш беа промовирани или интегрирани во водечките индустрии или највлијателните правни фирми.
  • Во секој случај, стекнатото знаење и контактите направени во Чикаго преку програмата Чикаго-Кент, продолжуваат да имаат огромна лична и професионална вредност.
 
Стипендии и школарина
  • Школарината за Студиската програма на SAL изнесува 6 400 евра. Школарината се плаќа на три рати;
  • Школарината за магистерските студии на Правниот Факултет Чикаго-Кент изнесува 10 000 американски долари наместо редовни долари 44.000, по загарантираната 75% стипендија; плаќањето за магистерските студиии се врши во Чикаго-Кент по доаѓањето на студентите во Чикаго;
  • Целосна (100%) стипендија за магистерските студии е основана од Правниот Факултет Чикаго-Кент за академска година 2019. За да се квалификуваат за стипендија, студентите мора да имаат успех најмалку 3,8 во SAL. Деканот од Чикаго-Кент и раководител на SAL во светот ќе ги разгледаат пријавите од студентите кои ќе ја исполнат таа состојба и ќе го изберат најквалификуваниот студент;
  • Школарината за изборниот втор семестар на Правниот Факултет Чикаго-Кент изнесува 7 250 американски долари наместо 22.000 американски долари;
 
Кој би требало да аплицира на оваа програма?
  • Оние кои се заинтересирани за магистерските студии во Чикаго-Кент мора да имаат диплома од правен факултет (прв степен) или треба да бидат на последната година на правни студии; апликантот исто така треба да покаже способност преку додипломски или постдипломски оцени или преку релевантно работно искуство
  • Оние кои се заинтересирани да ја насочат нивната едукација во Бизнис право и само да го земат Сертификат за завршување на Училиште за Американско Право, секој апликант со високо образование (со диплома од завршени додипломски студии или студент кој е во последната година на своите студии на универзитети или слични високообразовни установи што обезбедува степен на диплома од додипломски студии) може да достави документација за Студиската програма на SAL.
 
Апликантски краен рок е 15 септември. Сите апликанти треба да ги достават електронски следните документи:
 
Крајниот рок за пријавување е
 
  • биографија на англиски јазик;
  • Една референтна писмена препорака напишана или преведена на англиски јазик со наведување на контакт информации за издавачот на препораката;
  • Копија од диплома или универзитетска потврда за завршени студии;
  • Копија од пасош и/или лична карта.
 
Документите треба да се испратат на следните е-адреси: admission@chicagokentlaw.gr ch.sarakanidi@chicagokentlaw.gr r.warner@chicagokentlaw.ge k.jeladze@chicagokentlaw.gr m.meskhi@chicagokentlaw.gr   

Прашања во врска со вработување
По завршувањето на два семестри дипломираните на овој програм се подобни и способни за вработување надвор од кампусот. Дозволи за работа се потребни за сите вработувања надвор од кампусот и може да бидат доделени од страна на Американскиот имиграциски орган за платена практична обука. Студентите со F1 визи може да аплицираат за 12-месечен период за Факултативна практична обука (ОПT), којa започнува по завршувањето на нивнoто дво-семестарско студирање, за време на кое студентите со F1 статус кои го завршиле својот степен на студии за повеќе од девет месеци, дозволено им е од Државната служба за државјанство и имиграција на САД (USCIS) да работат една година под овластената карта за вработување со студентска виза за да добијат практична обука за подобрување и дополнување на нивното образование.
 
Правосуден испит
Правосудните испити се спроведуваат на национално ниво во февруари и јули. Приемните барања за правосуден испит се разликуваат од држава до држава и како резултат на тоа, на студентите им се советува да ја посетат веб-страницата на нивната државна канцеларија за најпрецизни информации. За информации за разните испити и линкови до повеќето надлежни државни авторитети, посетете ја веб страната на National Conference of Bar Examiners
 
Универзитет
Илионис Институтот за технологија – Универзитет што подржува Докторски истражувања,  Институт што овозможува широк опсег на програми и е уникатно позициониран да ја разбере меѓусебната поврзаност на глобализираниот правен пазар низ целиот свет. Правниот Факултет Чикаго-Кент е национално признат втор најстар правен факултет во државата Илиноис. Чикаго-Кент се здоби со акредитација од страна на Американската адвокатска комора во 1936 година и членството во Асоцијацијата на американски правни факултети во 1951 година. US News & World Reports, No1 Ranking Agency, го назначи Чикаго-Кент меѓу најбараните и најпопуларни програми: Trial Advocacy the 4th place, IP Law the 9th place, Legal Writing the 17th  place. Според  US News & World Reports, No1 Ranking Agency стапката на вработеност веднаш по дипломирањето на Чикаго-Кент изнесува 66,2% и 90,7% во рок од 9 месеци по дипломирањето.
 
Корисни линкови:
Училиште за Американско Право: www.salchicagokent.com
Правен факултет Чикаго-Кент: www.kentlaw.iit.edu
Бизнис Фејсбук Страницата: School of American Law, Chicago-Kent College of Law
Што го прави правниот факултет одличен: Внатре во Чикаго-Кент: http://youtu.be/pKu1V5UTjUQ

За повеќе информации, ве молиме исконтактирајте ги:
 
  • Маја Чадиева, Официјален претставник во Северна Македонија
Тел: +38978212850 (Regular, Viber, WhatsApp, Telegram)
  • Christina Sarakanidi, Директорот на Медитеранскиот и Балкански SAL Студиски програм
    Тел: +30 690 612 77 07 (Regular, Viber, WhatsApp)
  • Ketevan Jeladze, Kо-основач, SAL Кавказ, Турција, Медитеран, Балкан, Централна Азија и Источна Европа
Tel: +995 577 97 40 01 (Regular, Viber, WhatsApp)
  • Maia Meskhi, Ко-основач, SAL Caucasus, Турција, Медитеран, Балкан, Централна Азија и Источна Европа
Email: m.meskhi@chicagokentlaw.gr, mmeskhi@kentlaw.iit.edu LinkedIn: Maia Meskhi
Tel: +995 577 77 40 30 (Regular, Viber, WhatsApp)
Program Advantages
Guaranteed Admission

Preferential and immediate admission to Chicago-Kent LL.M after completion of SAL Program.

© Copyright SAL 2017.