За правници и професионалци во бизнис администрација
Chicago-Kent College of Law објавува
LL.M Магистерски студии во Атина, Грција и потоа во Чикаго, Илиноис, САД
со загарантирани стипендии од 75% и 100%
(прием без TOEFL или IELTS испити)
Chicago-Kent College of Law, Illinois Tech кој се наоѓа во САД, заедно со School of American Law со седиште во Атина, Грција, објавува две меѓусебно поврзани студиски програми со загарантирана стипендија од 75% и 100% за правници, адвокати, студенти на последна година од Правни студии, професионалци во бизнис администрација и лидерски позиции од Северна Македонија:
-
- School of American Law во Атина, Грција и потоа
- LL.M Магистерски студии во Чикаго, Илиноис, САД
School of American Law во Атина, Грција, е лоцирано во Nomiki Bibliothiki Athinon (www.nb.org). SAL Програмата вклучува два семестри во Атина, Грција: Јануари – Мај 2021 (прв семестар) и Октомври – Декември 2021 (втор семестар). Двата семестри вклучуваат 10 задолжителни предмети кои ќе се спроведат на англиски јазик и часовите ќе бидат одржувани исклучиво од професори посетители на Chicago-Kent кој што ќе доаѓаат од САД и Велика Британија. Десетте задолжителни предмети ги покриваат најсовремените теми: Меѓународни бизнис (деловни) трансакции, Е-трговија (електронска трговија), Онлајн договори, Антимонополско право, Управување со средства од интелектуална сопственост, Глобално право на Интелектуална сопственост, Право на трговски марки, Компаративно право, Вовед во Американскиот правен систем и Правно пишување, Бизнис организации, Корпоративно финансирање, Глобално Трговско право, Безбедни трансакции.
Начинот на спроведување на студиската програма е еден предмет или два месечно (пет предмети по семестар) кои се одржуваат само во викендите, во времетраење од 6 часови предавање. Во целост, секој семестар ќе биде реализиран во 5 викенди во кои ќе се одржат часови во живо, покрај тоа од студентите ќе се очекува претходна подготовка за часовите, читање после часовите како и подготовка и предавање на испит. Поради рестрикцците за патување и барањата за карантин после патување моментално часовите се одржуваат online. Имено, нашите часови за викенд се понудени во хибриден модул со часови во живо и дигитално презентирани лекции. Штом се дозволи да се посетува настава во живо ќе се вратиме на вообичаениот начин на предавање – часови во Грција во училница, каде студентите се добредојдени да присуствуваат физички и ќе поканиме професори од Чикаго да предаваат. Комбинирана структура од часови во живо и online ќе биде понудена за студентите кои живеат надвор од Грција.
По завршувањето на Студиската програма на SAL, дипломираните продолжуваат со својата едукација на LL.M Магистерските студии во Chicago-Kent College of Law во Чикаго, Илиноис, САД. Магистерските студии ќе завршат со стекнување на LL.M Магистерски студии на „Американско, Интернационално и Транснационално право“ во еден семестар (пет месеци) наместо регуларна една академска година. Ова се правни студии за постдипломска академска диплома со времетраење од пет месеци за дипломираните на Студиската програма на SAL. За дипломираните кои имаат SAL – Сертификат за завршување на School of American Law, LL.M магистерската диплома во Чикаго ќе ја стекнат со завршување на еден семестар целосно посветено учење, во меѓувреме тие можат да изберат да продолжат со уште еден семестар на Chicago-Kent College of law за да го продолжат нивното едукативно (Ph.D.) Докторски студии и професионално достигнување (Правосуден испит).
По завршувањето на Студиската програма на SAL, дипломираните студенти ќе добијат:
-
- По дипломирањето на Студиската програма на SAL во Атина, Грција – Сертификат за завршување на School of American Law. Сертификатот ќе биде издаден од SAL и Chicago-Kent College of Law заеднички и потпишан од Деканот на Chicago-Kent College of Law и од Раководителот на SAL.
- По дипломирањето на IIT Chicago-Kent College of Law- LL.M диплома од Chicago-Kent College of Law, Illinois Tech.
Предности на нашата програма:
-
- Стекнување придобивки благодарение на комбинирана структура на студиската програма на SAL која започнува во Атина, Грција без потреба од напуштање на моменталната работа со присуство на интерактивни и/или онлајн часови. Kомбинирана структура која дозволува да ja завршите студиската програма на SAL во Атина со комбинирани интензивни пет предмети и пет други предмети преку дигиталните медиуми од традиционална училница
- Ослободување од обврска за полагање на TOEFL за дипломираните студенти од студиската програма на SAL, со доставување на LL.M апликациите без TOEFL или IELTS резултати
- Приоритетен и директен прием во Чикаго-Кент по завршувањето на студиската програма на SAL
- Стекнување магистерска диплома LL.M на “Американско, Интернационално и Транснационално Право” за еден семестар наместо за цела академска година
- Загарантирана стипендија од 75% или 100%
- По завршувањето на еден семестар на Чикаго-Кент, студентите можат да го продолжат своето образование со изборниот втор семестар и да се здобијат со диплома за магистерски студии во некои од најбараните насоки како што се: LL.M in Trial Advocacy, LL.M in International Intellectual Property Law и LL.M in Financial Service Law & LL.M in Legal Innovation & Technology. За специјализираните LL.M програми, потребно е уписот да е во есенскиот семестар на Chicago-Kent. Упис во пролетен семестар за овие програми не е возможен.
- По завршување на магистерските студии во Chicago-Kent, дипломираните можат да продолжат со докторски студии (Ph.D./ЈSD) со 50%-75% обезбедена стипендија.
- Достапен план за плаќање на школарината на две или повеќе рати додека студиите се во тек нa студиската програма на SAL и на Chicago-Kent.
- Одложување на приемот за магистерските студии на Chicago-Kent во текот на следните три академски години
- Можности за вработување во кампусот и надвор од кампусот во САД
- Пристап како практиканти во САД
- Најдобра локација во светот – центарот на кампусот на Chicago-Kent се наоѓа во срцето на Чикаго – еден од најважните правни и финансиски пазари во земјата;
- Развивање на силна професионална мрежа, поттикнување врски со разновидна заедница на професионалци низ САД со непроценливи ресурси за лоцирање на потенцијални работодавци и клиенти.
Влијанието на програмата врз кариерата на апликантот
-
- Во изминатите години, по дипломирањето од Chicago-Kent LL.M, дипломираните студенти продолжија да градат кариера во државите со полагање на Американски правосуден испит и аплицирање за OПT (дозвола за работа за една година во Америка)
- Други се вратија во правната пракса во нивните земји, со подобро разбирање на Американското право и способноста да работат подобро со меѓународни, европски и американски адвокати, правни фирми и владини агенции. Повеќето од нив веднаш беа промовирани или интегрирани во водечките индустрии или највлијателните правни фирми.
- Во секој случај, стекнатото знаење и контактите направени во Чикаго преку програмата Chicago-Kent SAL, продолжуваат да имаат огромна лична и професионална вредност.
Стипендии и школарина
-
- Поради рецесијата, школарината за SAL Програмата е намалена на 5.900 евра. Школарината може да се плати на три или повеќе рати;
- Школарината за магистерските студии на Chicago-Kent изнесува 10.000 американски долари наместо редовни долари 44.000, по загарантираната 75% стипендија; плаќањето за магистерските студиии се врши во Chicago-Kent по доаѓањето на студентите во Чикаго на неколку рати;
- Целосна (100%) стипендија за магистерските студии е основана од Chicago-Kent College of Law. За да се квалификуваат за стипендија, студентите мора да имаат успех најмалку 3,8 во SAL. Деканот од Chicago-Kent и Раководителот на SAL Програмата ќе ги разгледаат пријавите од студентите кои ќе ја исполнат таа состојба и ќе го изберат најквалификуваниот студент;
- Школарината за изборниот втор семестар на Chicago-Kent College of Law (за опциониот семестар и за специјализираните LL.M програми) изнесува 7.250 американски долари.
Кој би требало да аплицира на оваа програма?
-
- Оние кои се заинтересирани за магистерските студии во Chicago-Kent мора да имаат диплома од Правен факултет (прв или втор степен) или треба да бидат на последната година на правни студии.
- Апликанти со диплома во Бизнис администрација и над 3 години професионално искуство на менаџерска позиција или професионалци во развојна кариера во лидерски позиции кои ќе демонстрираат потенцијал за професионален развој. Апликантите треба да покажат потреба од Програмата и потенцијалниот бенефит од неа.
- Оние кои се заинтересирани да ја насочат нивната едукација во Бизнис право и само да го земат Сертификат за завршување на School of American law и Chicago-Kent College of Law, секој апликант со високо образование (со диплома од завршени додипломски студии или студент кој е во последната година на своите студии на универзитети или слични високообразовни установи што обезбедува степен на диплома од додипломски студии – Бизнис администрација) може да достави документација само за Студиската програма на SAL.
Рок за аплицирање: 20 јануари 2021 година.
Апликантите треба да ги достават електронски следните документи:
-
- Биографија на англиски јазик;
- Име и презиме и еmail адреса на оној што ве препорачува и е наведен во вашето CV;
- Копија од диплома или универзитетска потврда за завршени студии;
- Копија од пасош и/или лична карта.
Документите треба да се испратат на следните е-адреси:
admission@chicagokentlaw.ge, [email protected], [email protected], m.meskhi@chicagokentlaw.ge
Прашања во врска со вработување
По завршувањето на два семестри дипломираните на овој програм се подобни и способни за вработување надвор од кампусот. Дозволи за работа се потребни за сите вработувања надвор од кампусот и може да бидат доделени од страна на Американскиот имиграциски орган за платена практична обука. Студентите со F1 визи може да аплицираат за 12-месечен период за Факултативна практична обука (ОПT), којa започнува по завршувањето на нивнoто дво-семестарско студирање, за време на кое студентите со F1 статус кои го завршиле својот степен на студии за повеќе од девет месеци, дозволено им е од Државната служба за државјанство и имиграција на САД (USCIS) да работат една година под овластената карта за вработување со студентска виза за да добијат практична обука за подобрување и дополнување на нивното образование.
Правосуден испит
Правосудните испити се спроведуваат на национално ниво во февруари и јули. Приемните барања за правосуден испит се разликуваат од држава до држава и како резултат на тоа, на студентите им се советува да ја посетат веб-страницата на нивната државна канцеларија за најпрецизни информации. За информации за разните испити и линкови до повеќето надлежни државни авторитети, посетете ја веб страната на National Conference of Bar Examiners
Универзитет
Илионис Институтот за технологија – Универзитет што подржува Докторски истражувања, Институт што овозможува широк опсег на програми и е уникатно позициониран да ја разбере меѓусебната поврзаност на глобализираниот правен пазар низ целиот свет. Chicago-Kent College of law е национално признат втор најстар Правен факултет во државата Илиноис. Chicago-Kent се здоби со акредитација од страна на Американската адвокатска комора во 1936 година и членството во Асоцијацијата на американски правни факултети во 1951 година. US News & World Reports, No1 Ranking Agency, го назначи Chicago-Kent меѓу најбараните и најпопуларни програми: “Trial Advocacy the 5th place, IP Law the 13th place, Legal Writing the 17th place.” Според US News & World Reports, No1 Ranking Agency стапката на вработеност веднаш по дипломирањето на Чикаго-Кент изнесува 66,2% и 90,7% во рок од 9 месеци по дипломирањето.
Корисни линкови:
School of American Law: www.salchicagokent.com
Chicago-Kent College of Law: www.kentlaw.iit.edu
Бизнис Фејсбук Страницата: School of American Law, Chicago-Kent College of Law
Што го прави правниот факултет одличен: Внатре во Чикаго-Кент
За повеќе информации, ве молиме исконтактирајте ги:
- Маја Чадиева, Официјален претставник во Северна Македонија
Тел: +38970634103; +17739390612 (Regular, Viber, WhatsApp, Telegram)
Email: [email protected]
LinkedIn: Maya Chadieva - Ketevan Jeladze, Kо-основач, SAL Кавказ, Турција, Медитеран, Балкан, Централна Азија и Источна Европа
Email: [email protected], [email protected],
LinkedIn: Ketevan Jeladze
Tel: +995 577 97 40 01 (Regular, Viber, WhatsApp) - Maia Meskhi, Ко-основач, SAL Caucasus, Турција, Медитеран, Балкан, Централна Азија и Источна Европа
Email: [email protected], [email protected]
LinkedIn: Maia Meskhi
Tel: +995 577 77 40 30 (Regular, Viber, WhatsApp)